Се силеше со спуштен гард, па доби нокаут по кој се преврти меѓу јажињата (Видео)

Мексиканскиот боксер Франк Санчес брутално го нокаутираше противникот Хулијан Фернандес од Мексико откако Мексиканецот со спуштен гард го провоцираше ривалот и бараше од него да го удри најсилно што може. Тактиката на Фернандес не му се исплатеше затоа што откако доби серија прецизни удари, беше нокаутиран и заврши надвор од рингот бидејќи се преврти меѓу јажињата.

Ова беше борба во тешка категорија. Санчес во кариерата има скор 17-0 (12 ги заврши со нокаут) и тој е шесторангиран во ВБО верзијата. Кубанецот може да биде следен предизвикувач на Олександер Усик, кој би го зел појасот во ВБО доколку Ентони Џошуа се бори со Тајсон Фјури, а не со Усик.

- Оглас -

Најнови вести