Историската победа над Италија во Палермо, се славеше цела ноќ. Освен славјењето на трибините и во соблекувалната на фудбалерите, се славеше и на улиците во Скопје, но и пред хотелот во којшто беа сместени македонските фудбалери во Палермо.
По завршување на мечот, навивачите се собраа пред хотелот и со песна едноставно ги повикаа да излезат на заедничко славење.
Според распоредот, фудбалската експедиција во Скопје треба да пристигне денеска попладне.