Горан Пандев утре ќе го одигра јубилејниот стоти меч за македонската репрезентација, а неговите соиграчи вечерва пријатно го изненадија со слика како спомен за стотката.
Подарокот е убав, изненадувањето убаво му легна и на Пандев, а утре од него очекуваме да ја поведе нашата селекција до прв триумф во новиот квалификациски циклус за настап на ЕП во 2020 година.
Мечот ќе се игра од 20.45 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје, што е добар повод и одличен термин да се поздрави стотката на нашиот најдобар фудбалер.