Унион Берлин е нов Бундеслигаш, а Штутгарт се сели во Втората германска лига по ремито вечерва без голови во реванш бараж мечот за промоција.
Берлин слави и по долг периот ќе има локално дерби во главниот град на Германија, откако вечерва Унион успеа да ги издржи нападите на Штутгарт и благоадерние на два постигнати голови на гостински терен на првиот меч да се промовира во нов Бундеслигаш.
Ова е само трет случај во досегашните 11 баражи, откако е вовдене системот третата најлошо пласирана екипа во Бундеслигата да игра со третиот од Цвајта, второлигашот да биде поуспешен и да обезбеди настап во елитата.
Првиот меч заврши нерешено, 2:2 во Штутгарт, вечерва во Берлин беше 0:0, па одлучија двата погодоци на Абдулахи и на Фридрих за Унион на првиот меч.
https://twitter.com/dw_sports/status/1131881033576714240
Екипата од Берлин им се приклучи на Келн и на Падерборн како нови членови на Бундеслигата, а испаднаа Хановер, Нирнберг и Штутгарт.