Атланта хоукс поведе со 3:2 во победи против Фиалделфија откако Јастребите на чудесен начин стигнаа до победа на гости од 109:106. На следниот меч Атланта на свој терен ќе има меч-топка за да стигне до финалето на Истокот.
Филаделфија има за што да жали затоа што домаќините играа одлично три четвртини, а потоа како да застанаа. Домаќините поведоа со 3:0, а во првата четвртина стигнаа и до предност од 17 разлика (38:21). Доминацијата на 76-ките продолжи и во следните две четвртини.
Пред крајот на првото полувреме водеа со 62:36, а предноста од 26 разлика ја задржаа и во третата четвртина, кога беше 72:46. По три четвртини, Филаделфија водеше со 87:69 и според играта, не делуваше дека може да се случи чудо, но во НБА никогаш не смее да се отпише противникот.
На четири минути до крајот, Филаделфија имаше предност од 104:94, а потоа следuva шоу на гостите. Во решавачките минути, Јастребите направија неверојатна серија од 15:0 за водство од 109:104 и чудесна победа. Само трипати претходно во историјата на НБА-плејофот еден тим успевал да се победи ако по три четвртини имал заостанување од дури 18 разлика. Во останатите 476 случаи победувала екипата која имала предност.
Филаделфија досега имаше 165 победи и ниту еден пораз во мечеви на кои имала предност од 25+, а сега првпат загуби.
https://twitter.com/i/status/1405357696417681408
Тре Јанг со 39 поени беше најефикасен кај гостите, додека Ембид даде 37 поени и 13 скока за Филаделфија.
На гости победи и Лос Анџелес клиперс, и тоа кај Јута со 119:111. Третата четвртина тука беше клучна затоа што Клиперси ја добија со 32:18 и првпат стигнаа до двоцифрена предност од 92:82, а потоа го задржаа водството во текот на целата последна четвртина.
Пол Џорџ беше незадржлив и заврши со 37 поени и 16 скока, додека кај Јута најпрецизен беше Богдановиќ со 32 поени. Следниот меч се игра во Лос Анџелес, а Клиперс ќе има шанса да се радува на пласман во финалето на Западот.