Женската одбојкарска репрезентација на Македонија испиша историја. По пауза од 17 години, македонската селекција се израдува на победа. Тоа се случи во салата „Парк“ во Струмица, каде во рамките од Сребрена лига на ЦЕФ, Македонија со 3:0 во сетови го победи Луксембург.
За Македонија ова е прва репрезентативна победа во женската одбојка по триумфот во далечната н 2008 година, кога на 10 мај во Скопје со 3:0 го победивме Исланд во меч од предквалификациите за пласман на ЕП. Потоа Македонија нареди неколку поради, па токму во раа 2013 година националниот тим „згасна“ и до 2022 година воопшто немаше одиграно ниту еден меч.
Откако се „реактивираше“ националниот тим, Македонија од јуни 2022 година до сега нареди 11 порази, за вечерва да стигне до историски триумф над Луксембург. Гостите на овој меч настапија во вториот состав, ако се знае дека неколкуте најдобри одбојкарки на гостинките воопшто не допатуваа во Струмица.
Во сите три сета Македонија доминираше против Луксембург и на крајот славеше со 25:16, 25:19 и 25:14. Следниот меч Македонијa ќе го игра против Швајцарија.