Се случи една од најголемите сензации на Ролан Гарос

Лоис Боисон е 22-годишната Французинка која ја направи една од најголемите сензации во историјата на Ролан Гарос. Младата тенисерка, која е на 361-вото место на ВТА-листата, доби покана за настап на гранслем-турнирот во Париз, а сега се радуваше на пласман во четвртфиналето.

Во денешниот осминафинален дуел, Боисон со 2:1 во сетови ја победи треторангираната на ВТА-листата, Џесика Пегула од САД. Интересно е дека фаворитката Пегула го доби првиот сет, но потоа Боисон на сензационален начин ги доби следните два сета со по 6:4 и по речиси три часа игра, се пласира во четвртфиналето.

Интересно е дека за Боисон ова е прв настап на Ролан Гарос. Минатата година овој период таа имаше тешка повреда на ногата и закрепнуваше, а сега, откако доби покана за настап на турнирот, прави чуда.

- Оглас -

Најнови вести