Се случи и тоа деби во НБА лигата

Расел Вестбрук ноќеска го одигра првиот меч во дресот на Вашингтон визардс и тоа победнички. Волшебниците славеа со 99:96 во претсезонски меч против Детроит. Една од најголемите ѕвезди во НБА, летово беше испратен од Хјустон во Вашингтон, а сега за прв пат го облече дресот на новиот клуб.

Со Вестбрук на теренот, играта на Вашингтон доби сигурност, а посебно му помогна на младиот центар Томас Брант кој беше најдобар стрелец во екипата со 22 поени. Вестбрук во дебито имаше осум поени, седум скокови и три асистенции.

Во останатите мечеви кои ноќеска се одиграа како загревање за стартот на новата сезона во НБА: Орландо – Шарлот 120:117 и Атланта – Мемфис 117:116.

 

 

- Оглас -

Најнови вести