Се случи во земјата на џентлмените – Испаднаа па се посрамотија со нефер потег

Сарагоса ќе биде драстично хендикепирана во плејофот за пласман во Првата шпанска лига, по чудната одлука на раководството на Ватфорд да не му дозволи на Луис Суарес да игра за шпанскиот клуб во доигрувањето.

Колумбиецот игра за Сарагоса како позајмен фудбалер и му заврши престојот во шпанскиот второлигаш, кој побара од Ватфорд продолжување од само уште еден месец, зада го има најдобриот стрелец за плајофот.

Ватфорд, кој испадна од Премиерлигата го одби барањето на Сарагоса, екипа која ќе биде драстично ослабена без 22-годишниот напаѓач.

Играчот со славно име и презиме, Луис Суарес е најдобар стрелец на Сарагоса со 19 голови и втор во Втората шпанска лига, или популарната Сегунда.

Колумбиецот играше одлично, но сега мора да се врати во Англија. Ватфорд го купи Суарес во 2017 година, но веднаш му го позајми на Валјадолид и тоа во вториот тим на шпанскиот клуб.

Потоа 22-годишниот напаѓач замина на нова позајмица во шпанскиот второлигаш Химнастик Тарагона и лани одново беше позајмен во Сарагоса, каде блескаше сезонава.

Сарагоса ќе игра со Елче во полуфиналето на плејофот за последното место што води во Ла Лига, а ако успее да го елиминира првиот ривал на патот до елитата ќе игра финале против победникот од двомечот меѓу Жирона и Алмерија.

- Оглас -

Најнови вести