12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Се случува и во Топ 5 лигите: Тепачка во ВИП ложата на меч од Ла Лига (Видео)

Фудбалерите на Бетис пред три дена го совладаа Еспањол со 1-2 на гостински терен и со трите освоени бода се искачија на четвртото место на табелата во Ла Лига. На социјалните мрежи се шири снимка од тепачка во ложата на стадионот, а на неа се гледа дека во инцидентот бил вмешан и поранешниот претседател на Еспањол, Жоан Колет.

Според извештаите од Шпанија, конфликтот во ложата на стадионот во Барселона настанал поради провокации од гостинските навивачи по последниот свиреж на судијата. Неколку навивачи на Бетис кои се наоѓале во бизнис-ложата започнале да се однесуваат провокативно, што довело до судир со делегацијата на Еспањол.

Колет, кој беше претседател на клубот во периодот од 2012 до 2016 година, првично се обидел да ја смири ситуацијата, но подоцна и самиот бил вовлечен во тепачката и, наводно, притоа се здобил со повреди.

Конфликтот надвор од теренот ја одрази големата напнатост што владееше и за време на самиот натпревар, кој заврши со драматична завршница. Еспањол доби голема шанса за спас во длабоко судиско продолжение, кога по преглед на ВАР им беше досуден пенал во 97-мата минута.

Капитенот Хави Пуадо не успеа да реализира бидејќи неговиот удар го одбрани голманот на Бетис и поранешен играч на Еспањол, Пау Лопез. Напнатоста дополнително се зголеми поради провокативните гестови на Лопез кон домашните навивачи.

- Оглас -

Најнови вести