22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Се сменија квотите, сега Барса е поголем фаворит за титула во ЛШ од Реал, Баерн и ПСЖ (Фото)

Резултатите од првите четвртфинални дуели во Лигата на шампионите во фудбал донесоа одредени, и тоа не баш мали промени во квотите во Sport Life за европски првак.

Константа е дека Манчестер сити и понатаму е убедливо прв фаворит за освојување на ова натпреварување, но драстично падна квотата на Барселона, која победи во Париз против ПСЖ и сега заедно со Арсенал се втори фаворити.

Малку пораснаа квотите на Реал Мадрид и Баерн Минхен, па сега Барса е поголем фаворит за титулата од мадридскиот и баварскиот гигант, а пред мечевите Барса беше зад Реал, Баерн и ПСЖ.

И понатаму најголема е квотата за Борусија Дортмунд, а по поразот од Каталонците, и ПСЖ е во редот на аутсајдери во моментов.

- Оглас -

Најнови вести