Уште десет тима останаа во конкуренција за освојување на победничкиот пехар на Европското првенство во фудбал кое се одржува во Германија, а благодарение на добрите игри на ЕВРО 2024 досега, шпанската репрезентација избива во прв план како тим кому му се даваат најголеми шанси за титулата.
Ако уплатите денеска на тоа кој ќе биде првак, квотата на Шпанија е најмала, 4.50. Потоа следува Англија, па Франција и Германија. На Шпанците им следува пеколно четвртфинале против домашната Германија, а ако поминат, би играле полуфинале со Франција или Португалија, што е уште една мошне сериозна пречка.
Најмали шанси им се даваат на Романците кои вечерва играат осминфинале против Холандија.
Може да се обложите и на тоа кој ќе биде финалист. Е, тука Шпанија не е прв фаворит. Најдобри шанси да играат финале на ЕВРО 2024 им се даваат на Англичаните, кои на хартија имаат и полесен пат во мечот за титула, за разлика од другите фаворити кои се на другата половина од костурот. Одлични шанси за финале има и Холандија, која има осминафинале со Романија, а ако помине, четвртфинале со Австрија или Турција.