Се сменија работите кај квотите за европски првак, Баерн веќе не е топ фаворит

Резултатите од првите четвртфинални двобои во фудбалската Лига на шампиони придонесоа за одредени корекции во квотите за европски првак за сезоната 2020/21.

По поразот на актуелниот првак Баерн Минхен дома од Пари Сен Жермен, сега на двата тима има се даваат исти шанси за титула. Квотата во Sport Life за европска титула на Баварците и на Светците сега е 6.00.

Прв фаворит е Манчестер сити, за кого квотата е 3.00, а Челзи по победата на гостувањето кај Порто и извесниот пласман во полуфинале, сега избива во преден план и квотата за Сините е 6.00.

Најмали шанси им се даваат на Порто и Борусија Дортмунд, а доста порасна квотата и за титула на Ливерпул, кој со 1-3 загуби од Реал во Мадрид. Коефициентот кој во моментов се нуди за европска титула на Реал е 7.00.

 

- Оглас -

Најнови вести