Се снајдоа – Норвешка составува комплетно нов тим од интернационалци

Фудбалската репрезентација на Норвешка најде начин како да настапи на гостувањето кај Австрија на 18 ноември во последното коло од Лигата на нациите. Со комплетно нов тим составен од интернационалци, кои не се дел од сегашниот состав, Норвежаните ќе гостуваат кај еден од противниците на Македонија на ЕП2020.

Норвешкото Министерство за здравство ѝ забрани на фудбалска селекција да патува за Романија поради ризик за ширење на корона-вирусот, каде што вечерва требаше да ги одмерат силите се домаќинот на тој дуел, а вчера дополнително се појави еден позитивен случај во репрезентацијата на Норвешка.

Поради тоа, на Романија ѝ е доделена службена победа, а за да не се случи истото и со Австрија, Норвежаните се снајдоа како да состават здрав тим. Сега се потребни брзи тестирања и доколку нема позитивен случај на ковид-19, дуелот Австрија – Норвешка ќе се одигра според веќе закажаниот термин, на 18 ноември.

- Оглас -

Најнови вести