Се сомневаат ли во Шалке во Нубел? Нема да брани вечерва против својот иден клуб

Се сомневаат ли во Шалке 04 во својот сегашен голман Александер Нубел, кој ќе биде иден чувар на мрежата на Баерн пред вечерашниот дуел на овие две екипи во четвртфиналето на германскиот куп?

Нубел вечерва нема да брани за тимот од Гелзенкирхен во нокаут-мечот од популарниот ДФБ покал откако никому во Шалке не му се допадна неговиот потег да потпише за Баерн.

Одличниот голман во последно време брани многу полошо од квалитетот што го поседува и што го доведе до потпис со германскиот шампион, а на последните два меча прими 8 гола. Поточно едниот од нив е негов автогол, на мечот против Келн, па и тоа е една од причините вечерва од 20.45 часот Нубел да ја „грее“ клупата на „Велтинс арената“.

 

- Оглас -

Најнови вести