Се спрема француска бомба со холандски шмек што ќе ги скара ривалите за титулата

Пари Сен Жермен ќе се обиде да го украде Мемфис Депај од Лион, трансфер што ќе биде вистинска бомба ако се оствари и ќе ги скара големите ривали за титулата.

На одличниот напаѓач на Лион договорот му истекува во јуни идната година, а во такви случаи идеално време за продажба е во зимскиот преоден рок што следи.

Неофицијално за Депај, Лавовите од Жерлан ќе бараат отштета од само 5 милиони евра, на шест месеци пред истекот на договорот, но за ПСЖ ќе важи посебна и повисока цена.

Сепак ништо не е недостижно за богатите шеици од Катар кои се сопственици на шампионот од Париз, а Депај би бил топ-засилување за ПСЖ во обидот конелно да се освои тронот на Европа во Лигата на шампионите.

Голем плус за Депај е што има одлични односи со Нејмар и Мбапе, а го цени и новиот тренер Маурисио Поектино, па трансферот е се поизвесен, иако навивачите на Лион ќе бидат бесни.

Лион ја заврши 2020 година како лидер во француското првенство со 33 бода, колку што има и Лил, а ПСЖ е веднаш зад нив со 32 бода, па се очекува жестока битка за круната во Лига 1.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести