Се срамеше што е вториот највисок човек на светот, сега е горд олимписки првак

Иранецот Мортеза Мерзад е вториот највисок човек на светот со 246 сантиметри, а височината, но и хормоналното пореметување што го има му беа огромен хендикеп, се додека не почна да игра одбојка.

Спортот е лек за сите болести и хендикепи, а Мортеза сега е горд олимписки и светски првак. На Параолимписките игри пред четири години со Иран ја освои шампионската круна во седечка одбојка, а со неговите соиграчи ја има и титулата светски првак.

„Како дете се срамев да излегувам надвор. Бев висок 190 сантиметри кога имав самом 16 години, а имам хендикеп и Агромегалија. Сепак спортот и одбојката посебно ми помогнаа да ги надминам сите хендикепи. Се надевам дека следната година во Токио повторно ќе бидам олимписки првак“, вели Мортеза.

Image

Агромегалија е хормонско пореметување на хипофизата, која лачи премногу хормони и може да доведе и до огромни компликации.

Мерзад ја победува со спортување и со успеси во седечката одбојка, спорт што е присутен на параолимписките игри. Со Иран во 2016 година во финалето ја победија Босна и Херцеговина, а и на следните игри во Токио ќе бидат меѓу првите фаворити, најмногу благодарение на големиот борец Мортеза Мерзад.

- Оглас -

Најнови вести