Претседателот на фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, заедно со спортскиот директор на Национални репрезентации, Горан Пандев, имаа средба со македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас.
Еден од нашите најдобри репрезентативци, моментално е играч на Лајпциг, но се погласни се шпекулациите дека може да ја смени средината до крајот на овој преоден рок.
Омерагиќ и Пандев во Германија се на покана од Германската фудбалска федерација, првите луѓе на нашиот фудбал се дел од престижниот јубилеј – 125 години од @DFB.
На официјалната фејсбук страна на ФФМ, стои пораката: Доаѓаат големи работи