Се стега обрачот – Гринвуд повторно е уапсен, има дополнително обвинение што може да го испрати долг период во затвор

Мејсин Гринвуд, репрезентативецот на Англија и фудбалер на Манчестер јунајтед, повторно е упасен, а сега станува и многу опасно за него бидејќи се поднесени уште две обвиненија, меѓу кои е и обид за убиство.

Гринвуд првично беше на распит во полиција откако неговата девојка Хериет Робсон објави фотографии на социјалните мрежи со сериозни повреди и облеана во крв и го обвини фудбалерот дека ја претепал.

Веднаш беше отворена истрага против 20-годишниот играч на Манчестер јунајтед со две обвиненија, за обид за силување и за физички напад.

Сега повторно е уапсен и отворена е истрага со уште две обвиненија, за обид за убиство и за сексуален напад.

За Гринвуд станува многу опасно, особено ако обвинителството успее да докаже со факти дека има и обид за убиство во грозоморниот чин што го приреди 20-годишниот фудбалер, а за кој има и аудиоснимка.

Манчестер јунајтед реагираше и го стави под мраз Гринвуд, кој нема да тренира и да игра за Црвените ѓаволи сè додека не се расчисти случајот, а и спонзорите почнаа да ги откажуваат договорите со офанзивецот на англиската репрезентација.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести