24.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Се стега обрачот околу Аморим, има листа на можни нови менаџери на Манчестер јунајтед

По поразот на Манчестер јунајтед од Манчестер сити се засилува притисокот за разрешување на менаџерот Рубен Аморим.

Црвените ѓаволи победија само на осум од 31 натпревар под негово водство, а три од тие победи беа во купови, против екипи од Чемпионшип. 

Минатата сезона тотално потфрлија и не изборија место во Европа, а и стартот на оваа сезона е многу лош.

Гари Невил смета дека Португалецот е во неволја.

„Поминаа четири натпревари, 14-ти сме на табелата. Ако резултатите не се подобрат брзо и Јунајтед влезе во октомври од оваа позиција, брзо ќе видиме промени. Никој нема да толерира тренер со такви резултати откако потрошил 200 милиони фунти и доволно време да ги постави работите во претсезоната“, вели некогашниот капитен.

Само со 31 бод на 31 натпревар под водство на Аморим, тоа е најлошиот биланс од сите тимови што беа во Премиер лигата во последните 10 месеци.  

Вечниот критичар Рој Кин вели дека и покрај огромната количина потрошени пари, на Јунајтед му недостасува квалитет. Вејн Руни критикуваше дека Јунајтед е полош со Аморим отколку што бил со Ерик тен Хаг.

Никој не верува дека до почетокот на 2026 година, Аморим сè уште ќе биде на клупата. 

Обложувалниците во Британија реагираа веднаш и веќе има квоти за тоа кој ќе биде наследник на Аморим на клупата.

Се споменува привремено враќање на Жозе Мурињо, на листата е и Оле Гунар Солскјер. Двајцата беа отпуштени во Турција, а веќе го воделе Јунајтед. За трајно решение, првото име е Андони Ираола, кој го извлекува максимумот од Борнмут.

До следната репрезентативна пауза на Манчестер му претстојат мечеви со Челзи, Брентфорд и Сандерленд. Ако нема подобрување, шансите Португалецот да биде заменет ќе бидат големи веднаш по репрезентативната пауза, кон средината на октомври, бидејќи потоа треба да имаат пеколен распоред и мечеви со Ливерпул, Брајтон, Нотингам форест, Тотенхем (три од овие мечеви ќе бидат на гости). 

- Оглас -

Најнови вести