Се стега обрачот околу Мота, Јуве можеби ќе го смени тренерот уште пред наредниот натпревар

Тијаго Мота наскоро ќе биде сменет од тренерското место во Јувентус, а на негово место ќе седне поранешниот фудбалер на Старата дама, Хрватот Игор Тудор.

Деновиве се спомнуваше Роберто Манчини како најголем фаворит за преземање на кормилото во Јуве, но сега Тудор избил во преден план, а за Мота само прашање на време е кога ќе добие отказ.

Многу играчи на Јуве биле изненадени што Мота не бил избркан веднаш после убедливиот пораз од Фиорентина.

Следниот меч на Јувентус е против Џенова на 29-ти март, а можно е Мота да ги води и тогаш за последен пат, и тоа од финансиски причини, а потоа да биде разрешен на 1-ви април.

Главната причина е што кварталните сметки на клубот ќе се подмират на крајот на месецот. Отпуштањето на Мота и неговиот стручен штаб се очекува да го чини клубот над 15 милиони евра. Со отпуштање на Мота на 1-ви април, првиот понеделник по натпреварот со Џенова, Јувентус ќе може да го вклучи отпуштањето на Мота во буџетот за следниот квартал наместо за тековниот. 

- Оглас -

Најнови вести