25.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Се стишаа во второ: Арсенал вкуси шампионска крв (видео)

Арсенал го совлада Ливерпул со конечни 2-1 во дербито на 36-тото коло во Премиер лигата. Топчиите со малку среќа стигнаа до трите бода и им го нанесоа третиот овосезонски пораз на Црвените во англиското првенство.

Мане успеа да ја затресе мрежата на Мартинес по 20 минути игра, но до паузата домаќините го свртеа резултатот преку Лаказет и Нелсон, а притоа добија доста помош од Ван Дајк и Алисон кои кикснаа со погрешни додавања и ги сервираа головите за Арсенал.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1283491867309506565

Ливерпул во вториот дел упати вкупно 12 удари, меѓутоа ниту еден од нив не заврши во голот на Топчиите, кои пак одлучија да го бранат резултатот и воопшто не му се заканија на Алисон.

- Оглас -

Најнови вести