Се стравува дека има жртви во стампедото кое се случи пред стадионот кој е преполн на 10 часа пред да почне мечот (Видео)

Репрезентациите на Ирак и Оман денеска од 17 часот ќе играат во финалето на Гулф купот во Азија, а пред средбата се случи стампедо пред стадионот. Неверојатно голем број на навивачи рано наутро тргнаа кон стадионот со цел да влезат на трибините и да го гледаат финалето.

Трибините на стадионот се исполнети уште 10 часа пред да почне мечот, а пред стадионот има илјадници кои не успеаа да влезат, па стампедото беше неизбежно.

Во хаосот кој се случи, првичните извештаи велат дека има преку 60 повредени, но се стравува дека може да има и мртви.

- Оглас -

Најнови вести