Се топи предноста на Алкарас, Ѓоковиќ најверојатно на САД опен ќе оди како број 1 на АТП листата

Иако Новак Ѓоковиќ периодов не игра, туку со семејството е на одмор на јадранското приморје, се намалува негативата во бодови која тој ја има во однос на лидерот Карлос Алкарас.

Со победата на Вимблдон, Алкарас му побегна на Новак за дополнителни 800 поени и сега е 880, но сега за две недели, Ѓоковиќ ќе му се доближи на Алкараз на 430 бодови разлика, затоа што Шпанецот нема да игра во Хамбург каде лани беше финалист и требаше да брани 300 бодови. Алкарас нема да се појави ни во Умаг каде лани освои 150 бодови.

Покрај тоа, Ѓоковиќ не брани бодови на турнирите во САД, затоа што лани не му дозволија да игра бидејќи не е вакциниран против коронавирус, па ако го освои Мастерсот во Синсинати (се игра од 10-ти до 23-ти август), ќе собере многу поени и на САД опен може да оди како лидер на АТП листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести