Се враќаат насмевките, време е за историја – Пандев, Елмас и Несторовски ќе пристигнат попладне, доаѓа и Адеми

Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски треба да допатуваат во Скопје денеска околу 16 часот и ќе му бидат на располагање на селекторот Игор Ангеловски за историскиот дуел со Грузија на 12 ноември во Тбилиси, што одлучува која репрезентација ќе игра на ЕП идната година.

Според информациите до кои дојде Спорт Манија, триото „Италијанци“ од Серија А успеа да добие дозвола да ја напушти Чизмата, иако имаше информации во тамошните медиуми дека не смеат да ја напуштат Чизмата.

Сепак, и Пандев, и Елмас и Несторовски ќе бидат дел од репрезентацијата која веќе е на собир во Скопје. Се очекува и пристигнување на Аријан Адеми, кој има проблем со бутот на ногата, а се повреди на загревањето пред дуелот меѓу Динамо Загреб, чиј капитен е, и Истра во хрватското првенство.

Адеми ќе мора да оди на дополнителен преглед и на магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата и да се донесе конечна одлука дали ќе може да игра против Грузија, во четврток од 18 часот на „Динамо арената“ во Тбилиси.

 

- Оглас -

Најнови вести