Се врати Буба, сака нови победи

Ферхан Хасани се врати во националната селекција пред двата клучни натпревари во Лигата на нациите, против Лихтенштајн и Ерменија, во битката за полуфинале во сегментот Д од ова натпреварување.

Популарниот Буба е добредојден во репрезентацијата и неговото присуство е мошне важно. Тој пристигна меѓу првите на собирот закажан за денеска напладне, а вели дека и кога не играл, ги следел дуелите на Македонија и со срце навивал и се радувал на успесите против Гибралтар и Ерменија.

„Ги гледав и двата дуели и се радував на победите. Игравме одлично, а сега верувам дека и ќе продолжиме во победнички ритам. Очекувам две нови победи и против Лихтенштајн и со Ерменија за печат на првото место во групата“, вели Хасани.

Тој се пресели во Саудиска Арабија и настапува за Ал-Раед, а по паузата од неколку меча, се враќа во составот на нашата национална селекција и ќе биде во комбинација за дуелите со Лихтенштајн на 13-ти октомври во Скопје и за клучниот меч со Ерменија во Ереван на 16-ти октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести