Хокеарите на Њујорк ренџерс и на Вашингтон капиталс очигледно имаа нерасчистени сметки и воопшто и не дочекаа пакот да падне на мразот за старт на мечот, па се степаа меѓу себе уште од првата секунда.
Во три купчиња од страната на Њујорк беа Руни, Блеквел и Ди Џузепе, а ривали наместо во хокеј на стартот на дербито во НХЛ, во бокс меч им беа Дауд, Хагелин и Хатавеј.
Line brawl to start tonight's game between the Rangers and Capitals at MSG pic.twitter.com/52pvvVZHwx
— Brady Trettenero (@BradyTrett) May 5, 2021
Сите беа исклучени по пет минути, но тепачките не престанаа. Само 50 секунди подоцна, имаше нови тројки на двете страни во нов бокс меч, па имаше нови исклучувања.
Вкупно судиите доделија неверојатни 100 минути казни само во првиот период од 20 минути. Вкупно дуелот што го доби Вашингтон со 4:2 заврши со 141 минута казни како исклучување.
Tom Wilson challenged by Brendan Smith immediately after stepping on the ice for his first shift tonight pic.twitter.com/5KudVGgzQB
— Brady Trettenero (@BradyTrett) May 5, 2021
Инциденти имаше и на претходниот меч, што се играше само една ноќ претходно, кога Том Вилсон од Вашингтон беше исклучен поради неспортско однесување.
Тоа беше иницијална каписла за тепачките што се случија ноќеска на мразот во легендарната сала „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1390086643806203907?s=20
Раководството на НХЛ-лигата пред некоја година многу ги заостри мерките за тепачки во Лигата и тие станаа сè поретки, иако ги има. Ноќеска хокеарите на Њујорк ренџерс и на Вашингтон капиталс потсетија на некои минати времиња, кога вакви бокс мечеви беа редовна појава во најсилната хокеарска лига на светот.
Вашингтон бие битка за првата позиција во Источната дивизија и ќе игра во плејофот, а Њујорк ренџерс веќе немаат шанси за настап во доигрувањето за титулата во НХЛ.