Фудбалскиот клуб Горица објави дека има шест фудбалери што се позитивни на Корона вирус и мечот од 17. коло што требаше да го играат задутре со Вараждин им е одложен.
Горица според правилникот за натпреварување во ХНЛ лигата има право да побара одложување на натпревар и тоа за најмалку 10 дена, ако има најмалку пет фудбалери што се позитивни на Ковид-19.
Тоа и го сторија во овој случај, а интересно е што до минатиот викенд тренер и спортски директор им беше нашиот поранешен селектор Игор Ангеловски.
Популарниот Мрме доби отказ, откако не успеа да забележи ниту една победа во хрватското првенство на 10 натпревари.
Билансот од две нерешени и 8 порази го доведе до отказ, а Горица е прв кандидат за испаѓање од Првата хрватска лига.
Сега ги закачи и малер со Ковид-19, па дуелот на 4. ноември на кој од клупа ги предводеше Ангеловски им е последен првенствен во 2022 година, а следниот меч ќе го играат со Динамо во Загреб на 21. јануари.