Кралицата на спортовите, атлетиката се врати на сцената во Македонија по долгата пауза, а нашите најдобри претставници на средни и долги патеки, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова покажаа дека се во топ-форма, што во екот на пандемијата со Ковид-19 ја одржуваа со помош на тренерот и ветеран во атлетиката Игор Јакимовски.
Тројцата заедно му помогнаа на атлетскиот клуб Делта да слави убедливо на сениорскиот куп на Македонија што се одржа на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Всушност тоа е тимот кој веќе неколку сезони безрезервно гo помага Sport Life како нивен главен спонзор и искрен подржувач на спортот во Македонија.
Натпреварите се спроведоа под посебни и строги мерки со спроведување на мерките за заштита од корона вирусот.
Како што вели тренерoт Игор Јакимовски натпреварите во купот се дел од подготовките за стартот на првото балканско првенство во полумаратон. Ќе се одржи на 23. август во Загреб, односно за 20-на дена.
Инаку во изминатите 3 месеца кога спортот во Македонија беше комплетно запрен токму Игор Јакимовски преку креирање на свои лични спортско атлетски настани успешно реализираше 2 маратони и 2 полумаратони на 4 различни локации во Македонија.
Во Битола и Охрид ги истрча двата маратони од 42.2 и 30 километри, додека во Скопје и Струмица трчаше полумаратони.
Неговите цели со одржување на овие свои настани беа да ги поттикне сите љубители на спортот да бидат физички активни во времето на пандемијата, да им ја врати вербата на луѓето за да веруваат во подобро утрe и да ја покаже подршката на неговите спонзори и подржувачи во спортот во тие тешки времиња.