Лионел Меси се врати на фудбалските терени по суспензијата и повредата, и донесе победа за Интер Мајами. Аргентинецот беше уфрлен во игра во второто полувреме и го „реши“ натпреварот со гол и асистенција за победа од 3-1 над Лос Анџелес Галакси.
Меси погоди во 84-тата минута, кога најпрво ги измести противнички дефанзивци, а потоа биеше од дистанца за водство од 2-1 на Интер Мајами.
Само пет минути подоцна следуваше магична асистенција до Луис Суарес, кој ги постави конечните 3-1. Акцијата започна од Де Пол, но Меси со „пета“ го пронајде Уругваецот, кој не промашува од такви ситуации.