Се врати немирот во Рома, порака за Мончи: Го растури тимот, не вредиш ни една банка

Рамон Родригес Вердехо, или популарниот Мончи, беше главната цел на бесните тифози на Рома при пристигнувањето во Рим, а по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите.

„Го растури тимот и мора да си заминеш. Ние ќе те испратиме бидејќи не вредиш ниту една банка“, му довикуваа симпатизерите на Рома на Мончи.

Кавгата почна уште при полетувањето од Порто, а ниту Шпанецот, кој е еден од најценетите во фудбалскиот свет на таа позиција, не остана должен.

„Со сите вас ќе се справам еден по еден. За шест месеци ќе видите кој е во право“ одговори Мончи на упатените навреди кон него.

Рома загуби по продолженија од Порто со 1-3 и со вкупен резултат од 3-4 го заврши настапот во ЛШ. Проблем за римската волчица е што не игра добро ниту во домашниот шампионат, го загуби последниот меч од Лацио во римското дерби со 0-3, а капак на проблематичните игри и резултати е и дебаклот во Купот. Во Фиренца, римјаните загубија од Фиорентина со неверојатни 1-7, па не се во игра за титулите на сите три фронта.

- Оглас -

Најнови вести