Одбранбениот фудбалер на Барселона, Ерик Гарсија, не е задоволен од минутажата која ја добива од тренерот Чави Ернандес, па ќе замине на позајмица. Сепак, младиот фудбалер нема да оди многу далеку и ќе остане во Каталонија бидејќи во тековнава сезона ќе настапува за екипата на Жирона.
Гарсија потекнува од Академијата на Барселона, а во 2017 уште како младинец направи трансфер во Манчестер сити. Сепак, се чини дека му недостасуваше Каталонија и пред две години се врати во Барселона.
Во Жирона како позајмен ќе настапува и Пабло Торес, а тоа значи дека Барселона прави место за нови фудбалери во самиот финиш од преодниот рок.