Александар Трајковски по подолг период, во кој се смета и паузата поради пандемијата со Ковид-19 е во составот на Мајорка, но ќе биде резерва на дуелот со Барселона.
На премиерниот меч за неговиот тим по три и пол месеци пауза што ќе се игра од 22 часот, популарниот Алекс ќе чека шанса од клупата.
Претходно на седму меча во Ла Лига, Трајковски не беше во составот на Мајорка, па се шпекулираше и дека е можно да си замине.
Последен настап му е на 20. јануари против второлигашот Сарагоса во меч од купот на Шпанија, што Мајорка го загуби со 3:1 и испадна од Копа Дел Реј.
Мајорка иако е домаќин вечерва ќе има тешка задача да избегне и десетти меч без победа против Барселона. Каталонците имаат 8 победи на последните 9 меѓусебни дуели.