Реал Мадрид со 2-0 ја совлада Селта од Виго, „кралевите“ ја запишаа првата победа по враќањето на Зинедин Зидан на клупата. Гигантот од Мадрид за првпат по трети февруари успеаја да ја сочуваат мрежата, а придонес за учинокот имаше и играњето на Кејлор Навас на местото од Тибо Куртоа меѓу диреците.
Домаќините притискаа уште од стартот и посакуваа што порано да стигнат до водечки гол, меѓутоа не им успеа во првите 45 минути. Модриќ во 56-тата минута ја затресе мрежата на гостите, но голот не беше регуларен откако еден играч на Реал се најде во недозволена позиција при шутот на Хрватот, па судијата го поништи.
Сепак, само шест минути подоцна Реал поведе преку Иско, кој реализираше гол во шпанскиот шампионат за првпат по 15 септември 2018 година. Конечниот резултат и потврдата за освоени три бода потврди погодоко на Герет Бејл во 77-та минута.
Со 17-тата овосезонска победа во Ла Лига, Реал сега има 54 бода, два помалку од градскиот ривал Атлетико, додека Селта го претрпе 15-от пораз и со 25 бода засега останува на 18-тото место.
https://streamable.com/vkdqq
https://streamable.com/b4jvq