Се „загреал“ добро: Полугол навивач го украде снежното шоу меѓу Динамо Киев и Баерн Минхен (ФОТО)

Влегувањето на фановите на фудбалските терени стана редовна појава низ светот.

Но, влетувањето на полугол навивач, и тоа на снежно време и кога се минусни температури е потребна вистинска храброст, или пак добро да си загреан од претходно.

Тоа се случи во третата минута на мечот меѓу Динамо Киев и Баерн Минхен, кога навивач влета на теренот и за момент го украде шоуто. Иако камерманите намерно не го доловија целиот момент, фановите кои беа на стадионот ја забележаа целата ситуација, кога уште 10-тина други навивачи скокнаа од трибината, но беа спречени да влезат на терен.

Сепак, низ интернет веќе кружат одредени слики од целиот момент.

- Оглас -

Најнови вести