Се залетаа по богатството во Саудиска Арабија, а сега „плачат“ и сакаат да си одат од таму

Некогашниот капитен на Ливерпул Џордан Хендерсон пред неколку месеци реши да си замине од Премиер лигата и да се пресели во Саудиска Арабија. Хендерсон не одолеа на богатата понуда и потпиша договор со Ал Етифак, каде за тренер беше поставен Стивен Џерард.

Според договорот, Хендерсон во Саудиска Арабија заработува 700.000 евра неделно, но и покрај ова богатство, искусниот играч за врска сака да се врати во Англија. Во Ал Етифак владее вистински хаос, затоа што тимот ги нема посакуваните резултати. Се шпекулира дека од тимот може да си замине и тренерот Џерард.

Ако Хендерсон реши да си оди од Саудиска Арабија, ќе мора да плати данок на државата во вредност од околу седум милиони фунти, но фудбалерот може и тоа да го направи само за да си замине од Саудиска Арабија, земја во која очигледно не се снајде најдобро.

Освен Хендерсон и Џерард, на излезна врата од Саудиска Арабија е и Роберто Фирмино. На Бразилецот не му одговара начинот на живот во Саудиска Арабија и најавил дека можно е да се врати во Премиер лигата во овој преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести