Се запали воз полн со навивачи, пламенот го гаснеа 200 пожарникари (Видео+Фото)

Навивачите на Фрајбург доживеаа пеколно враќање од гостувањето кај Унион Берлин откако нивниот воз се запали. Германските медиуми известуваат дека три лица биле хоспитализирани, додека еден човек одбил да заврши во болница, иако бил повреден.

Во возот најпрво се појавил чад, а потоа и оган. Повеќе од 100 навивачи, скокале од возот да спасат жива глава. За брзо време на местото на несреќата се појавиле и пожарникарите. Дури 200 пожарникари учествувале во гаснење на пожарот, но возот бил уништен.

 

- Оглас -

Најнови вести