Се здебелија, па се закачија на мерењето – Фјури му се закани на Вајлдер дека ќе го уништи

Тајсон Фјури и Дејонте Вајлдер си испратија закани пред третиот меѓусебен боксерски меч што ќе се одржи рано наутро во недела од пет часот, а интересно е што на мерењето и двајцата имаа рекордна тежина во кариерите.

Фјури го измерија со 125.65 килограми, а Вајлдер имаше 107.95 килограми, што им е рекорд во професионалната кариера.

На официјалното мерење имаше закани од двете страни, а за малку беше избегната и физичка пресметка.

„Погледнете го во каква состојба е. Му се тресе срцето. Тој нема мади*а за бокс. Ќе го уништам и по борбата нема да го препознаат“, се закани Фјури.

Ниту Вајлдер не остана должен, а изјави дека не му пречи што е речиси 20 килограми полесен, но има и најголема тежина пред меч во професионалната кариера.

„Па јас како од шега кревам тегови од 158 килограми, така да небитно е колку тежи Фјури. Следи реванш и светот повторно ќе го види вистинскиот Вајлдер“, изјави Дејонте.

Боксерскиот спектакл, односно третиот чин од приказната на Фјури и Вајлдер ќе се одржи во „Т-Мобајл“ арената во Невада. Првиот меч во 2018 година заврши нерешено, а лани Фјури победи со технички нокаут во седмата рунда.

 

- Оглас -

Најнови вести