Се знаат 18 македонски „Спартанци“ за историското ЕП во одбојка

Никола Матијашевиќ го објави списокот со 18 одбојкари на кои смета за историското Европско првенство во Словенија, прво за Македонија.

Нема поголеми изненадувања, а на списокот се  браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви, Александар Љафтов, Александар Милков, Васе Михаилов, Стојан Илиев, Филип Деспотовски, Марко Јуниор Стошиќ, Марјан Урдов, Владо Милев, Лука Костиќ, Филип Маџунков, Иван Андонов, Славе Наков, Ѓоко Јосифов, Ристо Николовски, Дарко Ангеловски и Филип Николовски.

Меч за историја, прв на Европските првенства ќе играме против Финска на 12. јуни во Љубљана. Потоа ќе следат мечеви против останатите ривали во нашата група, Турција, Русија, Белорусија и Словенија.

Интересно во нашата група се и актуелниот првак Русија и домаќинот Словенија.

Останатите три групи ќе се играат во Холандија, Белгија и Франција на шампионатот на кој за првпат ќе учествуваат 24 селекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести