Карлос Алкарас и Холгер Руне попладнево ќе играат меѓу себе во последното четвртфинале на Вимблдон, а иако билансот во нивните официјални дуели е 1-1, овие врсници безброј пати на тренинзи играле еден против друг, некогаш дури и заедно како дубл.
Шпанецот и Данецот имаат по 19 години, а пред шест години како тандем играа во двојки на еден турнир.
„Холгер и јас во минатото имаме доживеано многу убави моменти заедно. Се познаваме многу добро, игравме и заедно, возбуден сум, претпоставувам дека и тој се чувствува исто“, рече Алкарас, кој ако загуби денеска, ќе го загуби првото место на АТП-листата.
Еве како изгледаа Алкарас и Руне во 2017 година:
https://twitter.com/i/status/1678501344469217280