18.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Се знае кога ќе почне и претсезоната во НБА

Подготвителните мечеви во пресрет на новата сезона во НБА лигата треба да се одиграат во период од 11 до 19 декември, објавуваат медиумите во САД. Од НБА претходно соопштоја дека новата сезона ќе започне на 22 декември, а тоа е темпирано за да може, традиционално да има натпревари на Божиќ.

Иако уште не е дефиниран календарот, се очекува новата сезона да биде во скратен формат, па наместо стандардните 82 натпревари во регуларниот дел од сезоната, да се одиграат 72 дуели пред почетокот на плеј-офот.

Што с еоднесува до предсезонските дуели, клубовите сами треба да одлучат дали ќе играат три или четири подготвителни средби, а секој клуб ќе мора да одигра барем еден меч на теренот на кој ќе игра како домаќин во новата сезона. Подготовките за новата сезона во НБА клубовите може да ги започнат од 1 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести