33.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Интер го понижи Милан: Нераѕурите пукнаа „петарда“ за петта победа по ред во 2023 година над градскиот ривал (Видео)

Интер стигна до една од најубедливите победи против градскиот ривал Милан, победувајќи го со 5:1 во дербито од четвртото коло во Серија А. Овие две екипи беа единствени перфектни во досегашниот дел од шампионатот, а Интер покажа дека едноставно доминира кога игра против Милан.

Ова е петта победа за Нераѕурите во петтиот дуел против Милан. Мхитарјан погоди за 1:0, а потоа Турам даде спектакуларен гол за 2:0 на полувреме за домаќините. Леао погоди на стартот од вториот дел и намали на 1:2, но брзо потоа Мхитарјан со својот втор погодок зголеми на 3:1.

До крајот на средбата, Интер погоди уште два пати. Калханоглу зголеми на 4:1 во 79 минута, а во судиското надоплнување нова радост донесе Фратеси за 5:1. За Интер ова е најубедлива победа над Милан уште од 1974 година кога исто така било 5:1.

- Оглас -

Најнови вести