Реал Мадрид од синоќа и официјално е нов фудбалски првак на Шпанија. Кралскиот клуб по рекорден 36 пат е на врвот во домашниот шампионат. По победата над Кадиз, започна еуфоријата кај играчите на Реал, а кулминираше откако Барселона загуби од Жирона.
Навивачи на Реал започнаа да се собираат во центарот на Мадрид да слават, но претседателот на клубот Флорентино Перес, не мислеше дека е време за прослави.
REAL MADRID ARE CHAMPIONS OF SPAIN pic.twitter.com/inraJQ4ZQd
— WolfRMFC (@WolfRMFC) May 4, 2024
Првиот човек на клубот многу порационално размислуваше и веќе мисли на реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампиони.
„Во честитам, шампиони сте, но зарем заборавивте дека ќе играте против Баерн Минхен во среда и дека сакаме да ја освоиме Лигата на шампиони. Тоа е нашата најголема цел оваа сезона. Затоа нема прослава. Одиме дома и во мир да се подготвиме за дуелот против Баерн Минхен“, рече Перес, па фудбалерите кои славеа, брзо се смирија.
https://twitter.com/i/status/1786836610673258942
По првиот меч во Минхен, Баерн и Реал играа 2:2, што значи дека на „Сантијаго Бернабеу“ мора да има победник за да се дознае патникот во финалето на Лигата на шампиони.