Барселона објави фотографија од мечот со Мајорка, што веднаш стана хит на социјалните мрежи и уште еднаш покажува кој е главен во клубот, и тоа не само на теренот.
Лидерот во Ла Лига славеше убедливо со 4:0 во премиерниот меч за двете екипи по долгата пауза поради пандемијата со корона-вирусот, а главен актер беше Лионел Меси.
Аргентинецот командуваше и на теренот, со две асистенции и гол, но и во паузите, кога играчите се освежуваа со вода. Меси им објаснуваше на соиграчите што треба да се прави на теренот, додека тренерот Кике Сетјен и неговиот асистент Едер Сарабија ги слушаа советите на Лео заедно со фудбалерите.
https://twitter.com/BarcaTimes/status/1272502717446000646?s=20
Со голот што го постигна против Мајорка, Меси стигна до 20-тиот погодок сезонава во шпанското првенство и е првиот фудбалер во историјата на Ла Лига со учинок од 20 или повеќе голови во 12 сезони по ред.