3649 Удинезе – Фиорентина (20:45 ч.)
Удинезе игра на свој терен и има дури осум бода повеќе од Фиорентина, која е со исто бодови како Лече, тим кој е во зоната за испаѓање. Тимот од Удине влезе во криза и загуби во последните три кола, додека Фиорентина е со две победи и реми во истиот период.
Традицијата вели дека на последните четири меѓусебни дуели на овие ривали има многу голови, а се тресат мрежите на двата тима.
Предлог тип: ГГ3+ (2.45)
1441 Реал Мадрид – Хетафе (21 ч.)
Дуел на две мадридски екипи. Јасно е дека Реал е апсолутен фаворит, но никогаш не е лесно против Хетафе, тим кој негува дефанзивна игра, а нивниот „бункер“ тешко се пробива.
Затоа и не е чудно што на 10 од последните 11 меѓусебни дуели немало повеќе од два гола. И покрај тоталната дефанзива на Хетафе, Реал има осум победи по ред против овој ривал.
Предлог тип: 1&0-3 (1.95)
3648 Пиза – Болоња (18:30 ч.)
Пиза е на дното на табелата во Серија А и тешко дека ќе може да се спаси од испаѓање. Сепак, тоа е екипа која е специјализирана да игра нерешено и во 26 кола има дури 12 реми-средби.
Болоња влезе во добар ритам и има две победи по ред, па реално е да се очекува да слави на ова гостување, но секако дека Пиза нема лесно да се предаде.
Предлог тип: 0-1 I & 1-2 II (2.07)
1011 Бирмингам – Мидлсборо (21 ч.)
Бирмингам на свој терен сезонава има само еден пораз во 16 кола (осум победи и седум ремија), но сега ќе има голем предизвик против Мидлсборо, кој е на второто место во Чемпионшип.
Мидлсборо има одлична низа од шест победи по ред во дуелите со Бирмингам во последните четири години.
Предлог тип: Х2&0-3 (2.09)
1544 Жил Висенте – Бенфика (21:15 ч.)
Бенфика е единствен тим без пораз во првенството на Португалија, но сега има голем предизвик затоа што Жил Висенте игра одлично и е на петтото место на табелата, а на домашен терен има седум победи, две ремија и само два пораза.
Двете екипи сакаат да постигнуваат голови, па може да има возбудувања.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.06)

