Македонската фудбалска репрезентација очекува повторување на успехот од пред две години, кога на гостувањето кај Израел победи со 1:0 во квалификациите за СП 2018. Сега, повторно се квалификации, овојпат за ЕП 2020, а избраниците на селекторот Игор Ангеловски очекуваат нова радост.
Според најавата, постои само една дилема околу тоа со кои 11 играчи ќе истрча Македонија на теренот во Бер Шева. Популарниот Мрме ќе постави формација 3-5-2. На голот ќе биде Димитриевски, а во одбрана се Муслиу, Ристевски и Велковски. По десната страна ќе биде задолжен Бејтулаи, а од лево е Алиоски. Во средниот ред, контрола на топката треба да имаат Адеми Барди и Елмас.
Дилемата е во нападот. Илија Несторовски ќе биде задолжен за да ја затресе мрежата на домаќините, а прашање е кој ќе биде вториот офанзивен играч, ако се знае дека капитенот Горан Пандев има хематом на половината.
Покрај победата од пред две години, Македонија на гости кај Израел има и пораз од 0:1 на меч одигран во ноември 2007 година.