Дани Себалјос, членот на Реал Мадрид кој во тековната сезона игра во редовите на Арсенал како позајмен играч, одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Севилја. Шпанецот кариерата ја започна во Реал Бетис, градскиот ривал на Севилја, па со помош на анимацијата на Доналд Трамп, претседателот на САД, демантираше дека ќе ја оствари преселбата.
За 23-годишниот играч за врска постои само еден клуб од андалузиското подрачје, а тоа е Бетис, па откако ја потврди лојалноста со сигурност ги освои симпатиите на навивачите од екипата од „Бенито Вилјамарин“.
Инаку Себалјос не се снајде најдобро во составот на Топчиите и веројатно во следниот преоден рок ќе бара смена на средината. Кај Зидан тешко дека ќе ја добие потребната минутажа, а кружат информации дека би можело да следи нова позајмица токму во Бетис.
https://t.co/rGpKfDFQvU pic.twitter.com/54kctIxhVC
— Daniel Ceballos (@DaniCeballos46) May 8, 2020