Едно шпанско радио објави дека Даниел Себаљос летово ќе го напушти Реал Мадрид, а неговата идна дестинација може да биде градскиот ривал на Кралевите, Атлетико Мадрид.
Според медиумот, Андалузиецот има и опција за можно враќање во Бетис. Одлуката треба да ја донесе тој самиот.
Интересот на Јорганџиите за Себаљос не е нов, но досега фудбалерот ги одбиваше нивните понуди.