Себаљос со хит-коментар до Брахим: Фала што ме спаси од неиграње два месеца!

Мароканецот Брахим Дијас синоќа испиша историја како прв поранешен фудбалер на Манчестер сити кој им дал гол на Граѓаните во Лигата на шампионите, а со тој погодок Реал Мадрид изедначи на 2-2 и го најави пресвртот и конечната победа од 3-2.

Дани Себаљос, кој беше стартер и беше заменет со Лука Модриќ по направениот пенал со кој Англичаните поведоа со 2-1, ќе беше трагичар на Кралскиот клуб ако загубеа на „Етихад“. Вака Брахим и Џуд Белингам донесоа голема радост за Реал, а благодарност упати и Себаљос со коментар на „Инстаграм“.

Под една објава на Брахим, Себаљос напиша забавен коментар: „Ти благодарам што ме спаси од неиграње во следните два месеца“, пропратено со емотикон солзи од смеење.

- Оглас -

Најнови вести