Себастијан Ерера одвај чека да заигра за Македонија, ќе дебитира уште во март?

Колумбиецот Себастијан Ерера кој пет сезони играше за Работнички, а сега е во унгарски МТК од Будимпешта, за унгарските медиуми најави дека во март ќе дебитира во дресот на македонскиот национален тим.

Ерера игра на левата страна и може да се најде во тимот на Игор Ангеловски во мартовскиот циклус, доколку Лидс не го ослободи Езџан Алиоски, кој е наша прва опција како лев бек кој може да игра и како крило во офанзивниот ред. Ангеловски добро го познава Ерера, бидејќи го тренираше во Работнички.

„Не сакам да зборувам пред време, но мислам дека ќе играм за Македонија во март. Се надевам дека ќе се случи тоа. Би одел пеш до Скопје, ако добијам таква шанса“ – вели 26-годишниот Ерера.

Во квалификациите за СП, Македонија во март има мечеви со Романија на гости, дома шсо Лихтенштајн, и гостување кај големата Германија.

- Оглас -

Најнови вести